Одбојкарките на Работнички ќе ја бранат титулата против Јанта Волеј КВ
- Одбојкарките на скопски Работнички ќе ја бранат шампионската титула во Првата македонска женска лига, откако пласманот во финалето го потврдија со триумф во полуфиналната „мајсторка“ на плеј-офот со 3: 0 (25:17, 25:23, 25:23) над Наковски Волеј.

Скопје, 18 април 2025 (МИА) – Одбојкарките на скопски Работнички ќе ја бранат шампионската титула во Првата македонска женска лига, откако пласманот во финалето го потврдија со триумф во полуфиналната „мајсторка“ на плеј-офот со 3: 0 (25:17, 25:23, 25:23) над Наковски Волеј.
Со вкупен резултат 2:1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна.
Работнички Скопје во финалето ќе се соочи со Јанта Волеј КВ, кој со 2:0 во победи го елиминираше Фит Фан Волеј.
Финалната серија кај дамите стартува на 26 април (сабота) и се игра во три добиени натпревари.ег
ФОТО: ОФМ