• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување 30 години партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт

Одбележување 30 години партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, денеска ќе присуствуваат и ќе се обратат на свеченоста за одбележување на 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда.

На свеченоста што ќе се одржи во Министерството за одбрана, ќе бидат доделени признанија за придонес во рамки на тридецениското партнерство, ќе биде прикажано видео, а ќе биде поставена и изложба на фотографии од заедничките активности на Армијата и Националната гарда. вг/са/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан