• петок, 22 ноември 2024

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“. 

На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка на  СЗО за Северна Македонија д-р Ане Јохансоен. 

Реферат по повод Светскиот ден на здравјетото „Мое здравје мое право“ ќе прочита проф-д-р Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје. 

На свеченоста ќе бидат доделени и награди и признанија на Македонското лекарско друштво. лв/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан