• четврток, 26 март 2026

Одбележан Денот на Општина Чашка

Одбележан Денот на Општина Чашка

Велес, 21 август 2025 (МИА) – Со свечена седница на Советот на општината  во салата на ООУ „Тодор Јанев“, Општина Чашка го одбележа Денот на општината 21 август и 29 години работа на локалната самоуправа. На свеченоста беа доделени благодарници и признанија на институии, здруженија и спортски клубови, а се одржа и културно - уметничка програма.

На седницата на видео проекција беше  пред присутните и гостите беа претставени годишните  проекти и активностите на Општината, здруженијата и институциите во изминатата година од август 2024 до август 2025 во Чашка и населените места во Општина Чашка.

Од свечената говорница Денот на Општина Чашка и на градоначалникот, им го честита Трајче Мишкоски претседател на општинскиот совет, кој истакна дека ова е последна свеченост на сегашниот состав на советот пред претстојните локални избори.

- Чест ми беше да бидам претседател на Советот на Општина Чашка во овие години полни со предизвици, но и искрени и посветени за да се направи нешто подобро за секој жител. Одржавме стотици состаноци, точки на дневен ред. На крајот донесовме многу одлуки, а зад секоја наша одлука стоеше една нова улица, едно дете и едно семејство, потенцира Мишкоски.

На присутните им се обрати и градоначалникот Горан Стојановски. Тој се заблагодари на Советот кој даваше  даде зелено светло за да се реализираат многу проекти во општината. Воедно им се заблагодари и на вработените во Општина Чашка со успешно сработеното.

Стојановски  истакна дека по осум години како градоначалник и на крајот од својот мандат пред локалните избори искрено посакува  Општина Чашка да продолжи да се развива во модерна и урбана општина на задоволни и среќни жители.

Инаку во рамките на програмата по повод Денот на Општина Чашка, денеска во ЈОУД Детска градинка „Бамби“ во Чашка се изврши свечено примопредаање на нови простории наменети за јаслената група „Бисерчиња“ во оваа градинка. Средствата за оваа намена над 1 милион денари беа обезбедени од Општина Чашка и Министерството за труд и социјална политика. Воедно од општествено  одговорната компанија „Соко Таб“ ДООЕЛ Битола оваа градинка доби дидактички средства, играчки и сликовници.

Во Дневниот центар за стари лица во населба Чашка денеска се одржа и Шаховски турнир.

Утре од 9 до 13 часот во просторија на ООУ „Тодор Јанев“ ќе се одржи крводарителска акција во соработка со Општинската Организација на Црвен крст Велес, а   утревечер со почеток во 19 часот на спортскиот  терен во село Извор ќе се одржи и турнир во мал фудбал.ад/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан