Одбележани 25 години издавачка дејност на Земјоделскиот факултет во Штип
- емјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип денеска одбележа 25 години од издавачката дејност. Пред присутните беше презентирано се она што е истражувано и публикувано во претходните 25 години.
Штип, 24 септември 2025 (МИА) – Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип денеска одбележа 25 години од издавачката дејност. Пред присутните беше презентирано се она што е истражувано и публикувано во претходните 25 години.
- Во изминатиот период имаме богата издавачка дејност која вклучува истражување на научниот кадар, како од нашиот факултет така и од сите релевантни институции од државата и странство, но и публикации и истражувања на студенти од прв, втор и трет циклус на студии, изјави Емилија Арсов декан на Земјоделскиот факултет.
Седум години од 2000 до 2007 се објавувал зборник на трудови на Институот, за во наредните години до 2016 година се публикувале годишни зборници на трудови. Лилјана Колева – Гудева универзитетски порфесор вели пресвртница има во 2017 година кога зборникот се трансформира во меѓунардоно списание, кое се публикува до ден денеска.
-Списанието е реномирано, индексирано и до денес го објавуваме како меѓународно списание. Почетокот на овој месец го публикувавме последниот волумен, волумен 23 кој се однесува токму на 25 години од издавачак дејност на нашиот факултет, вели Колева – Гудева. Објавувањето на зборниците и периодничните списанија имаат огромна улога, бидејќи таму постдипломците и докторантите ги објавуваат своите резултати од своите докторски и магистерски турдови. вдј/
Фото: МИА