• сабота, 06 декември 2025

Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Венециско биенале во 2026 година

Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Венециско биенале во 2026 година

Скопје, 31 мај 2025 (МИА) - Министерството за култура и туризам денеска на својата веб-страница го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia).

Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh).

-Конкурсот ќе трае од  31 мај 2025 година заклучно до 30 јуни 2025 година. Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, соопшти Министерството. хс/ев/ 

Фото: /www.labiennale.org 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан