Објавен конкурс за избор на директор на ИФФК „Браќа Манаки“
- Кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото на филмските работници на Македонија или докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера.

17 февруари 2025
Врз основа на Статутот и Правилникот за работа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Друштвото на филмските работници на Македонија објавува
КОНКУРС
За избор на директор на
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото на филмските работници на Македонија или докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера.
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
• да има високо образование;
• да има менаџерски и лидерски способности и искуство;
• да има комуникациски и организациски способности за тимска работа и професионално однесување;
• да има познавање и искуство во следење на светската филмска продукција и филмските фестивали од висока категорија
• да има одлично познавање на англиски јазик
Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор.
Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Материјалите треба да се достават најдоцна до 06.03.2025 година на електронската адреса contact@dfrm.org.mk или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Изборот на директор на ИФФК Браќа Манаки ќе биде извршен од пријавените кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници.
Друштво на филмските работници на Македонија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.