• петок, 19 јули 2024

Објавен конкурсот за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Објавен конкурсот за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Гостивар, 10 февруари 2023 (МИА) - Започнаа подготовките за десеттото издание на традиционалната поетска манифестација во Гостивар. Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите за учество. Заинтересираните автори треба да се пријават до крајот на идниот месец.

На годинешното издание на фестивалот може да учествуваат сите поети од земјава и регинот во две возрасни категории, до 18 и над 18 години. Годинава нема ограничувања во авторскиот ангажман и творбите се на слободна тема.

-Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик. За учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик треба да достават препев на македонски или на англиски јазик. Творбите се испраќаат во ворд документ, наведува Слаѓана Брезовска од одборот за организација на фестивалот.

Покрај личните податоци, секој учесник задолжително треба да достави и адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт. Пријавите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com.

- Доставените песни ќе ги оценува тричлена жири-комисија, која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка. Пријавите на авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените услови во конкурсот нема да се разгледуваат, појаснуваат од одборот.

Крајниот рок за пријавување е 31 март, 2022 год.

Фестивалот „Литературни искри“ годинава се организира по десетти пат, во чест на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. згм/сст/

 

 

Остани поврзан