• петок, 05 декември 2025

Објавен конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година

Објавен конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР  за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година.

Како што информираат од ЕБОР, доставувањето на романи, или збирка на кратки раскази од еден автор, е до 8 декември 2025 година, и ќе се разгледува од независно жири на судии.

Победникот ќе биде прогласен на церемонијата за доделување на награди во дирекцијата на Банката во Лондон, на 2 јули 2026 година.

Авторот на делото кое ќе победи, ќе добие 20.000 евра, кои ќе бодат еднакво поделени помеѓу авторот и преведувачот.

Автори на дела од Бенин, Брегот на Слоновата коска, Ирак, Кенија, Нигерија и Сенегал, за прв пат ќе можат да учествуваат на конкурсот, бидејќи станаа членки на ЕБОР во изминатава година.вј/вг/

Фото: ЕБОР

Остани поврзан