• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Објавени добитници на наградите од конкурсот „Јас Итар Пејо” и Фестивалот на сатирата „Сатир”

Објавени добитници на наградите  од конкурсот „Јас Итар Пејо” и Фестивалот на сатирата „Сатир”

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Објавени се добитници на наградите од конкурсот „Јас Итар Пејо” и Фестивалот на сатирата „Сатир” 2025. Како што соопшти селекторот проф.д-р Христо Петрески, добитник на наградата „Сатир“ е Трајче Кацаров од Штип, за книгата „Часовничарот”.

Во однос на наградите „Јас Итар Пејо”, награда за карикатура ја добија авторот од Битола, Блаже Докуле, авторот од Бугарија, Тошо Пеев и авторката од Буково, Кети Радевска.

Добитник на наградата за сатиричен расказ е авторката од Скопје, Ванѓа Радевска, а на наградата за сатирична песна е Чедомир Б. Шопкиќ од Скопје. Добитник на наградата за сатиричен драмски текст е авторот од Скопје Огнен Неделковски за книгата „Верка Шнајдерка”, а на наградата за афоризми е авторот од Бугарија, Пламен Георгиев. бт/бак/

Фото: постер

Остани поврзан