• среда, 06 ноември 2024

Таскират ќе ја заокружи прославата за 25-годишниот јубилеј со финална вечер во Скопје на 7 декември

Таскират ќе ја заокружи прославата за 25-годишниот јубилеј со финална вечер во Скопје на 7 декември

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Таксират, македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал годинава прославува јубилејно 25-то издание. Јубилејот се одбележува со бројни концерти и настани, а прославата за четврт век Таксират ќе биде заокружена со финалната вечер на 7 декември во Скопје.

Главната вечер годинава ги собира ТАКСИРАТ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, екипата која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Со 3 бини кои ќе бидат поставени во скопската Арена Борис Трајковски и настапи на повеќе од 10 светски, регионални и домашни музички ѕвезди, на Главната вечер збирно место ќе има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена.

Како што информираат организаторите, главната вечер годинава ги собира Таксират резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират или уште поважно, екипата која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Со три бини кои ќе бидат поставени во скопската Арена Борис Трајковски и настапи на повеќе од 10 светски, регионални и домашни музички ѕвезди, на главната вечер збирно место ќе има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена. А таа на Таксират годинава пристигнува од Франција со психоделично-ориенталниот електронски звук на ACID ARAB (Ејсид Араб), парискиот музички колектив познат како транскултурен еклектичен спој на музичките стилови од целиот свет. Покрај нив, жанровската фузија ќе ни ја претстави и извонредниот DUB FX (Даб еф-икс), австралискиот музичар, визионер, уличен уметник и општествен активист кој на ТАКСИРАТ ќе го промовира новиот, долгоочекуван албум „Infinite Reflection” и, како што самиот нагласува, ќе ја претстави новата димензија на неговите концертни настапи.

Потоа, главната вечер на ТАКСИРАТ е резервирана и за едни од најпочитуваните балкански изведувачи со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници и големи пријатели на организаторот „Пасворд Продукција“ и музички уметници кои се заслужни за најмасовните и најенергичните настапи кај нас, а тука спаѓа еден од најдобрите бендови од регионот, „ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ“, додека, пак, од македонската сцена  тоа е маестралниот КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, зачетникот на глобалниот феномен познат како „балкан бит“.

Покрај Кирил Џајковски, домашната сцена ќе ја претставуваат уште две легендарни имиња кои се гордост на македонската музичка алтернативa, SMUT (Смат), основоположниците на метал- кор музиката во Македонија и регионот, како и СТРАЈК, неприкосновеното рап име од скопската андерграунд школа. Од регионот, покрај „Дубиоза Колектив“ и претходно најавените ЛЕТ 3 од Хрватска, на главната вечер ќе настапат и С.А.Р.С., алтернативната рок група која со иновативниот музички израз си го заслужи своето место како еден од најатрактивните изведувачи на регионалната музичката сцена, како и СМОКЕ МАРДЕЉАНО, неприкосновен претставник на бунтовната генерација од белградскиот хип-хоп, но и МИМИ МЕРЦЕДЕС, eдна од првите и најистакнати раперки од српската музичка сцена.

Билетите се веќе пуштени во продажба со  цена од само 700 денари, резервирана за најбрзите 1000 купувачи во продажната мрежа на МкТикетс. љм/са/

Фото: Таксират

Остани поврзан