• петок, 22 ноември 2024

Обука за негуватели на стари лица во Црвен крст од Охрид

Обука за негуватели на стари лица во Црвен крст од Охрид

Охрид 4 март 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица, што ќе се спроведува согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука.

Обуката во траење од три месеци ќе ја спроведува квалификуван и професионален кадар, со теоретски и практичен дел. По завршената обука, кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Заинтересираните полнолетни кандидати ќе можат да добијат повеќе информации за обуката во Црвениот крст - Охрид.

Конкурсот за пријавување на кандидати ќе биде отворен заклучно со 15-ти овој месец. аб/бак/

Фото: плакат

Остани поврзан