Обрадовиќ го напушти Фенербахче
- Српскиот тренер Желимир Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче. Турскиот клуб оваа информација ја објави на својата официјалната веб-страница.

Истанбул, 24 јуни 2020 (МИА) – Српскиот тренер Желимир Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче. Турскиот клуб оваа информација ја објави на својата официјалната веб-страница.
Шеесетгодишниот кошаркарски стручњак го водеше клубот од Истанбул од 2013 година.
Пред три години Фенербахче под водство на Обрадовиќ ја освои шампионската титула во Евролигата. зс/