• петок, 22 ноември 2024

Обработливата површина намалена за 0,1 отсто

Обработливата површина намалена за 0,1 отсто
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Вкупно 516.733 хектари обработлива површина се регистрирани лани или за 0,1 отсто помалку во споредба со 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, кај обработливата површина зголемување во 2021 година е забележано кај ораниците и бавчите за 0,2 отсто, а намалување е забележано кај сите други категории.
Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај пиперките и краставиците за 8.8 отсто и 7.8 отсто, а кај другите избрани посеви и овошје е регистрирано намалување. мд/са/

Остани поврзан