Обновен возниот парк на ЈКП „Илинден“
- СООПШТЕНИЕ - Денес во Општина Илинден беше промовирано ново специјално комунално возилно – подигнувач на контејнери со капацитет од 5.5м3. Возниот парк постојано се оновува, ова е шесто комунално возило набавено во изминатиот период заедно со градежна машина, багер. Општината континуирано ги подобрува комуналните услуги и го зголемува возниот парк на претпријатието.

Скопје, 11 март 2025
Денес во Општина Илинден беше промовирано ново специјално комунално возилно – подигнувач на контејнери со капацитет од 5.5м3. Возниот парк постојано се оновува, ова е шесто комунално возило набавено во изминатиот период заедно со градежна машина, багер. Општината континуирано ги подобрува комуналните услуги и го зголемува возниот парк на претпријатието.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес, по разгледување на возилото, истакна дека приоритет за работење на локалната самоуправа е токму подобрување на услугите што таа ги нуди. Со набавка на нови комунални возила, освен што ќе се подобри квалитетот на услугите што ги извршува ЈКП „Илинден“, туку и ќе се обнови и зголеми самиот возен парк.
Градоначалникот, исто така, додаде дека со оваа набавка, ќе се овозможи вработените во ЈКП „Илинден“ подобро и поефикасно да ги извршуваат своите работни должности.
Општина Илинден
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото Општина Илинден