Обновени домашните летови од аеродромот во Кабул
- Амбасадорот на Катар во Авганистан изјави дека техничка екипа успеала да го оспособи аеродромот во Кабул, за да може да прифати хуманитарна помош, а обновени се и домашните летови

Кабул, 4 септември 2021 (МИА) - Амбасадорот на Катар во Авганистан изјави дека техничка екипа успеала да го оспособи аеродромот во Кабул, за да може да прифати хуманитарна помош, а обновени се и домашните летови.
Според Ал Џезира веќе полетале авиони од Кабул до градовите Мазар-и-Шариф и Кандахар.
Аеродромот во Кабул е затворен откако заврши големата евакуација на странски државјани и авганистански државјани кои работеа за нив. ми/