• четврток, 09 мај 2024

Обновена размена на оган на израелско-либанската граница

Обновена размена на оган на израелско-либанската граница

Тел Авив, 28 декември 2023 (МИА) - Обнова на размена на оган долж границата меѓу Израел и Либан, Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија бројни лансирања на ракети од соседната земја кон израелски локации, јави ДПА.

Израелските медиуми објавија за 50 проектили истрелани од Либан кон Израел.

Во северниот дел на Израел беа активирани неколку ракетни аларми, беспилотно летало од Либан навлезе на израелска територија кое, според ИДФ, беше соборено.

Израелската војска одговори со контра-напади на местата на ракетното лансирање и на „терористичката инфраструктура на Хезболах“ таму, вклучително и воен комплекс на Хезболах и терористички одреди, соопшти ИДФ.

Хезболах ја презеде одговорноста за неколку напади врз Израел.

Од почетокот на војната во Газа по масакрот на Хамас во Израел на 7 октомври, постојано има конфронтации меѓу ИДФ и Хезболах во израелско-либанскиот пограничен регион, со загинати и повредени од двете страни. Тоа е најсериозната ескалација од втората либанска војна во 2006 година. мс/

Остани поврзан