Обнова на патеките во Зоолошката градина-Скопје
- Активности за реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина - Скопје се спроведуваат од денеска од страна на екипите на ЈП „Улици и патишта".

Скопје, 6 април 2022 (МИА) - Активности за реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина - Скопје се спроведуваат од денеска од страна на екипите на ЈП „Улици и патишта".
Како што информираат од Град Скопје, се отстрануваат оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.
-Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина, се наведува во соопштението.свс/лв/