• петок, 22 ноември 2024

Обновата на струјата по ураганот Берил ќе трае со денови, велат властите во Тексас

Обновата на струјата по ураганот Берил ќе трае со денови, велат властите во Тексас

Хјустон, 9 јули 2024 (МИА) - Ураганот Берил сè уште носи обилни врнежи и ризик од торнада откако синоќа го премина брегот на Тексас, оставајќи повеќе од три милиони луѓе и голем број бизниси без струја во областа Хјустон, објавија американските медиуми. 

Официјални лица од Тексас изјавија дека ќе бидат потребни денови за да се врати струјата.

За неколку часа откако падна на копно како ураган од категорија 1, Берил ослабна до тропска бура, многу послаба од ураганот од петта категорија што направи хаос низ Мексико и Карибите минатиот викенд.

Најмалку три лица загинаа кога дрвја паднаа на куќи, а Националниот центар за урагани на САД соопшти дека штетните ветрови и поплавите ќе продолжат додека Берил се преселил во внатрешноста на земјата. Сепак, засега нема извештаи за голема материјална штета.

Јамајканските власти, пак, рекоа дека тамошното население ќе мора да се справи со недостигот на храна по ураганот Берил, кој според некои проценки уништи прехранбени култури во вредност од повеќе од 6,4 милиони долари и помошна инфраструктура. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан