• среда, 15 мај 2024

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени. Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.

Остани поврзан