
Скопје, 21 ноември 2020 (МИА) - Времето ќе биде наутро студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Понекаде во повисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.
Од недела повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.