• сабота, 05 октомври 2024

Облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег

Облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег
Скопје, 27 декември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад врнежи од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 6 до 13 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне 8 степени. Од понеделник и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан