Облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени.
Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.