• среда, 01 мај 2024

Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - Времето ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 13 степени. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Остани поврзан