• сабота, 16 ноември 2024

Облачно време со дожд и засилен ветер од југоисточен правец

Облачно време со дожд и засилен ветер од југоисточен правец
Скопје, 5 ноември 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.

Остани поврзан