• четврток, 16 мај 2024

Облачно со повремени врнежи од снег

Облачно со повремени врнежи од снег
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Облачно, уште од изутрина со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег. Попладне ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 3 степени. Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.

Остани поврзан