• недела, 23 јуни 2024

Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне

Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Времето сќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 3 степени. До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Особено ниски ќе бидат утринските температури кои на места ќе се спуштаат под -10 степени. Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник

Остани поврзан