• петок, 05 декември 2025

Облак стравува од дуелот со ПСЖ

Облак стравува од дуелот со ПСЖ

Пасадена, 15 јуни 2025 (МИА) - Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ на Светското клупско фудбалско првенство.

Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот.

- Секогаш ни е тешко против големи тимови како ПСЖ. Невозможно е да се игра против такви противници без проблеми. Играме против победниците на Лигата на шампионите, шампионите на Лига 1, кои освоиле сè. Ги познаваме, се соочивме со нив оваа година и разбираме колку е тешко. На оваа средба ќе биде уште потешко, ризикуваме многу да страдаме, изјави голманот за „RMC Sport“.

Во групата со Атлетико Мадрид и ПСЖ се и Ботафого и Сиетл Саундерс. Тимовите што ќе завршат први и втори во групата ќе се пласираат во плејофот на Светското клупско првенство.

Турнирот ќе трае до 13 јули. Учествуваат вкупно 32 клуба од шест континентални конфедерации. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан