Облак од отровен гас ослободен во германските градови Мајнашаф и Ашафенбург
- Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА.
Берлин, 8 октомври 2025 (МИА) - Во германскиот град Мајнашаф е во тек голема итна операција по инцидентот во индустриски погон што резултираше со ослободување на облак од гас, соопштија синоќа локалните власти.
Четири лица се здобија со полесни повреди, соопштија властите на покраината Баварија.
Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА.
Облакот поминал и над блискиот град Ашафенбург, поради што властите ги повикале жителите да останат во затворен простор.
BREAKING: A chemical accident at an electroplating plant in Mainaschaff, Germany has triggered a major fire response.
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 7, 2025
Residents in Mainaschaff and Aschaffenburg are urged to stay indoors amid a toxic smoke warning.pic.twitter.com/AvPtrxlOLv
Федералната канцеларија за цивилна заштита соопшти дека облакот може да биде токсичен.
На жителите им е наложено да им помагаат на децата и ранливите лица, да ги примаат ранливите лица и да ги следат најавите на полицијата и пожарникарите.
Локалните власти, исто така, советувале прозорците и вратите да се држат затворени, а системите за вентилација и климатизација да се исклучат.
Причината за инцидентот во фабриката и неговиот обем сè уште се непознати.
Мајнашаф и Ашафенбург се соседни градови одвоени само неколку километри, додека поголемиот град Франкфурт се наоѓа на северозапад.сд/
фото: Х