• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
11 февруари 2020 (МИА)  Детски фолклор од Струшки Дримкол  1. Антатили, заракатили, заракатика, така, елин, белин, буф, Америка прави труф... 2. Бомба падна од небе, удри баба по нога, тече гној тече крв. кој искочи тој е прв. 3. Бомба падна од небо, удри старче по нога, тече крв, тече гној, кој искочи, тој е прв. 4. Еден, два, три, ѓуптинот се скри, ен, мен, чарапен, чарупе, гризи дупе. 5. Енци менци на каменци, таму школа на два сата, под една капина, газот му се скина. Кој ќе го најде? - Јас. Тој ќе јаде бабин газ. 6. Елемина, белемија, домазара, докатара, чин, чин, чинбуле, Мартин, ѓуптин, скочи две реки, изеде две меки. 7. Еленице мала, свети пазара, коли кокошки, јади трошки. 8. Две петлина се скарале, и на патот извикале; Ош, иш, иш, ти ќа мижиш! 9. Ени мени, сени, сени чоколада, бур, бур, лимунада. 10. Ени, мени дудумени, Карафиља, Мустафина, џомада, кокица, писју, солза пиј. 11. Енци менци, на каменци, ују, бују дванадесет деца, ен пен чарапен, чараупе, гризи дупе. 12. Еден два три, ти ќе, да бидеш џандар. 13. Еци пеци пец, ти си мали зец, а ја мала пеперуга, еци пеци пец! 14. Еленица, препелица, домазара, докатара, чин, чин, чингуле, Мартин, ѓуптин, скочи две реки, изеде две меки. 15. Загорка е мала, има коса плава, очи и се црни, умот да ти мрдни. 16. Гу, гу, гугувче, ке беше на пазар, што купи, пченица, Колку пари? – Сто пари! Газот ти се попари. Од книгата „Лабунишка хроника“ од Фадиљ Мустафоски – Мустоски, Охрид, 2010. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан