• понеделник, 23 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
5 мај 2021 (МИА) Ѓурѓовден во Порече  На Ѓурѓоен свекакво пиле што ќе писнет, веќе си разбијено, да не каснеш. На Ѓурѓоен – тогај веќе од секакво пиле, што год било, рано ќе станеш, по једно грофче ќе каснеш. Да те разбијат пилињата. * На Ѓурѓоен све расцветуат, све расчалмат. * Севте чоек ќе се запотнует со дрен – да бидет цврст. После со лесче – да биде лесен. После трефчиња – свештина: петопречка вратика – да се свратит, да се попрајит. Сега сум дошла јас – ќе се свратим. * На трнкине цветче клаат и бавче ќе откопат па ќе запотнат со бавче (боз). Когај ќе се пуштат, на земна да се кренат, да не одат на дрва. Со дрво да запотнеш, на дрва одат. Мајка со што запотнуат децата? Све со тоа мајка му. Ќе измиет на Ѓурѓоен со вратичица – суроинка ќе фрлит во водата. Собајле – солнце огрејало и рано ќе го измијет –денот угоре. * Ее, цветчиња си клаат, ќе се редат цвеќе свекакви. Останало по старо. * Со петопрс цвеќе с’излегоа. И по врата си клаат цвеќе, по пенџери, по ковчези, по вратине, по амбарине, све ќе редат и на качиња клаат. Да се разсуројат тоа – суројинчица. * Не се запотнуат робитни људи. Ѓурѓоен и тоа празник. Пејат, играт, ка на Водици – једен ден. Трефкине за стокава да се закрмит. На солишта, камење – ќе рисат сол. Наѕемна је окрмуат. Пред солнце, пред пладне. * Вратика, стреќа, свешто ќе му турат на билјето. Базерка – свекаква трефка. Веќе свекаква трефка тоа билје го викат. * Потки, да бидеме суроји, здраји да си бидеме. Цвеќено си го клааме за појас: суројника. * Напред и по нивјено запотинјали. На свако нивје си носиш потка. * Строкава, па и тоа за здравје. Кој што имат заразна стока, пред солнце ќе ја закрмит на туѓ синур, да оздравит. Поарно да не знаат. Да се наблазнат на солишта лошо је. Ќе го презимат тија све лошото. * Све што кршат – потки, вратика, од дрен, петопрс, од лесна, црешнине, крушине. Среќа не. (???) ќе се престрефит нешто, ќе се стретет нешто, од некоја билка ќе му дајет. (???) * На Ѓурѓоен све расцветуат, све разчалмат. Од книгата „Фолклорни и етнографски материјали од Порече“ од Јозеф Обремски кн. 1, редакција Танас Вражиновски, Скопје 2001. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан