• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
5 јули 2020 (МИА) Народна филозофија Нaродни пословици од село Ниќифоро Ако ми стапниш на траганката, на касметот не можеш. Арно прајш, арно наодиш. Горка црешна в куќи никнала. (Ќе рече еден од постарите домашни најчесто на некоја од снаите во кавга). Ако била арна кавгата в бавча би ја посеале. Добриот лаф речи го, лошиот голтни го. Еден к’смет јадет, девет остат. (Се вели за човек што со јадењето носи благослов во куќата) Ем шут, ем се буцат. Ен прајт, мнозина тргат. Ено куче да земеш пак од сој се бурат, а камо ли човек. За инат Турчин станоат. Змијата ногите не си кажоат. Змија со гола рака не се фаќат. И бурат Маркојте кули. (За човек што многу посакува). Како за големата, таке и за малата невеста. Како ќе ти т’пат, таке ќе играш. Ко на утот му се пикоат. (На неугледен беќар – убава, паметна девојка). Ка својата р’ка што чешат, туѓата не чешат. Квачката е уба со пилиња, офцата е мила со јагне. (Се вели за жена која нема пород). Ко имам маша, не горам р’ки. Кој зборит многу, многу ќе тргат. Кој ранит мачки, не ранит глуфци. Колку ти е рогожата, толку пружи и ногите. Кому не му е греф, не му е и страф. Кде имат жито, имат и глуфци. К’де не помага збор, помага стап. К’де одит коњот, одит и оглавот. К’де с’т две не прај се три. (Човек не треба да се меша во туѓи работи). К’де што имат се турат. Лошиот збор рани отворат. Лошото се чует појќе од доброто. Маслото излагат над вода. (Овде масло – зејтин. Кога поради завист некој кодоши, но после вистината се дознава). М’жот да носит со тоари, жената со игла да ваѓат од куќа, сиромаф ќе го напрајт. (Се вели за жена недомаќинка). Наведната гла низ цареј војски пројдуат. На добра офца ѕвонец се редит. На чисто злато (сребро) рѓа не се фаќат. (Оваа пословица следува како одговор кога се настојува да се докаже дека она што се работи е добро). Не могал на атот удрил на самарот. Не потсмеј се никому, на гла ќе ти дојдет. Не се пресегај кај што не ти врзоат лафот. (Со значење: не мешај се кај што не ти е местото). Не чукај на туѓо гумно ’рш. (Оваа пословица е карактеристична за Мавровско каде од житата единствено успева рж. Се употребува со значење: не се мешај во туѓ разговор.) Од искра – пламењ. Отсокриена куќа кучињата ја мочат. ( Се вели за жена што останала без домаќин секој се подбива). Од траење немат пубо. Појќе зборење, поојќе грешење. Сам лебот плачет, ко го јадет арам. Сам Петко лозје копат. Секоа трмка мед не збират. Свекому лошо мислит, а иконата ф куќи је чоат. Сиромајот атер немат. Сит гладнего не вероат. Записи на Аритон Поповски. Од книгата „Гостиварскиот крај“, 2, Гостивар 1970. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан