• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
4 април 2021 (МИА)  Брзозборки  Бел петел, бела пепел преташе. (три пати) Була ваља буроло, булче бурилче. (три пати) В грне баба бере зрне. Воо кантар, лош кантар, катран не тегли. Вук маркулав, маркулави вучиња родил. (три пати) Гарван мод’р (сињ) клун. Гргуле мое сол соларниче. Дојди попе дојди, пак не ти гинит твојот ак, за земање никој пат. Дрш, Лазаре, орело. (три пати) Ек зајче, пек зајче, пас помина, пас ти реко, па си помина, па ти реко: - Зајче ли си, или не си? - Зајче сум си, како не сум. - Колку си зајче, камо ти опашче, под опашче брабонче? Едно дрео јаороо, преку поле Лазороо. Ене го Лазар со една зељка расол, расол лош расол. Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстие Спаско. Жи-ми буда недеља герамида кадеља. – Не су јаре видела дробот су го изела. Ж’лта пуљка подбулена, пут полупка полупена. (се кажува 12 пати) Здрав болен носит. Изедох три пити, три погачи за мајкина ми пизма. (три пати) Изедов три-четири-пет погачи за мајкина ми пизма. Измеси, замеси две бели погачи за мајкина пизма. (три пати) Имах мама, имах баба. (три пати) И тај рт врши рш, каде иде д’ш, ќе зафане рш. (три пати) Јадов пет педи дебела погача, за мајкина ми пизма. Кантар тргат катран. (три пати) Кантар катран тегли. Кантар катран тегнеше. (десет пати) К’нт’р тргат црн катран. (брзо) Кантар катран тегнит. (три пати). Капна п’кал по попов б’кал. (три пати) Каче сирењарче, каче урдењарче. (три пати) Каче сирењарче лошо. (десет пати) Каче сирсиреначе. (три пати) Качи се Турче на крушче, слези Турче од крушче. (Се повторува повеќе пати.) Клукнахме, потклукнахме, потклукнуахме. Косор кастрит краста, ако кастрит, сфоја краста кастрит. (три пати) Криво јаре, пот крив јаор лежеше, крива клечка гризеше. (до три пати) Криво дрво јаоро, преку поле Лазоро. Ме пуште Лазор да ми дајш една зелка расол, расол лош расол, расол лош расол, расол лош расол. Кукулар крал глас. (до три пати брзо) Лазар рало превлече, през Разлошко равно поле (три пати). Лажичник и солинарник, обесени сет на тланик. Лерин рул полно бљудо цирони. Лимон кисел на трнов корен висел. Лисица итра разумна, пушти корен фати нога. (три пати) Лош расол. Лош кантар катран мереше. (три пати) Мало бек, лапај снек, цепи штици јади трици. Мара мала, Мара голема. Месечина като ден, поп се ваља като пен. (три пати) Мравалник, црн мравалник. Мое црно прче, мое црно роже, не гризи ми мое црно трнче. На тате голото ќуркче. (три пати) Наш алчо е сос пет плочи кован. (три пати) Наш расол, лош расол. (десет пати) Наша љап, блак љап. (три пати) Наша расол, блак расол. (три пати) Наша м’ш брс м’ш, денес триш ф д’ш рш вршае. (три пати) Носи грбелко, прегрбен крбелко. Орел, орел бел орел. (десет пати) Остор косор, околу краста кастрит. (три пати) Петел претат в пепел. Петел претат под поклопка. (три пати) Пепел пот поклопка. Петли пеет на полесок, от полесок пот полесок. Петрето плети плет, Петревица меси леб, потпри Петре плето, ел’ да јајме лебо. (до три пати брзо) Петре градит плет, Петреица месит леб, прескочи Петре преку плет, да ти дадам топол леб. Поминале татари со белите шапки, со белите шаувари. (Ја кажуваат децата кога си пукаат пченка – царевица, во оганот. Петре плетит плот, прет Петреа племна. (до три пати брзо) Петре плетит плот, да помине поп, сос две зрна зоп. (три пати) Пил с’м вода пот пукнат камен, нат пукнат камен. (се изговара три пати брзо без „пил с’м“.) Пих вода пот пукнат камен, јадох леб над пукнат камен. (три пати) Пи вода пот пукнат камен, пи вода над пукнат камен. Пиј вода над пукнат камен, пиј вода под пукнат камен. (три пати) Пи вода нат пукнат камен, јадо леп пот пукнат камен. (три пати) Пиј вода пот пукнат камен (до три пати и со брзање). Пи вода пот пукнат камен, јади леб над пукнат камен. Плетвар бел Плетвар. Под казан се малка пита пече. (три пати) Поминале тарунари со триста таруни на глава. Поминаа тарунари, остаија мали тарунарчиња. Поминае брдилари, стар брдилар не помина. (три пати) Поминаф поле Лазороо, најдов зељка расолоа, овај расол лош-расол, нашиот расол арен расол. Помина Гино с’ една тиква вино, помина Дуро, му ја тури; помина Раде, му ја даде. Па патка, пу патка, патка пуфна у водата. (три пати) Петел претат во бела пепел. Пепел пот поклопка. (десет пати) Пи вода нат пукнат камен, пи вода пот пукнат камен. (три пати) Помина пиле со сплескан клун. Поминав низ попоа лака, тополов изострен кол држев в рака. Поп човек ли е, магаре стока ли е, зет родина ли е, шипок цвеќе ли е, трн заграда ли е? (три пати) Потплуснат зелник го изедов во делник. Приели ти керо петело. Пукнат камен пот пукнат камен кладен. Пукнат камен, пот пукнат стое. (десет пати) Расол лош расол. (три пати) Роса, роса росица, до поле косица. Роси Боже роси, ѓупката проси. Рт рш вршеше, петел пепел преташе. (три пати) Сач, шут сач. (три пати). Секој петок урда јадам. Снесла страчка на прачка дванаесет јајца, поминав зедов едно и го изедов, поминав зедов две и ги изедов, поминав зедов три и ги изедов поминав зедов четири и ги изедов поминав зедов пет и ги изедов поминав зедов шест и ги изедов поминав зедов седум и ги изедов поминав зедов осум и ги изедов поминав зедов девет и ги изедов поминав зедов десет и ги изедов поминав зедов единаесет и ги изедов поминав зедов дванаесест и ги изедов. Сива шута котка, сив шут катарок гони. (три пати) Стара шипка дваш одарих, стара штука триш изадох. (три пати) Стар кантар катран мереше. (десет пати) Стар пес сус не се уче. (десет пати) Стојко шетат со сто коња по поле. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан