Обичаи и верувања
- Народна филозофија – Благослови Аирлија да ни се муабетите, здравје и живот да ни даде Господ и на нас и на сите браќа. Некој бериќет да истури Господ и некоја слободија, да рече сполај му.
11 март 2021 (МИА)
Народна филозофија – Благослови
Аирлија да ни се муабетите, здравје и живот да ни даде Господ и на нас и на сите браќа. Некој бериќет да истури Господ и некоја слободија, да рече сполај му.
Аирлија нека е, лели сте ја направиле аирлија.
Аирлија нека е муабетот.
Аирлија да е севтето.
Аирот да и го видиш на стоката.
Ај и за свадба да пазариш (да викаш).
Аирлија да ви е радоста. – Амин брате, и на ваша куќа.
Аирлија да ти е полазо; од тебе севте, од Госпо бериќет.
Аирлија да ти е севтето!- Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет.
Аирлија пазар, со пари аз’р. - На шака така се благошава кога да нема пазар.
Аирлија и за многу години да ни е коматов. Да ни е здрав и вековит домаќинот.
Аирлија да е, до година да му месеме комат!
Аирот да му видиш (на коња, на стоката и др.)
Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.
Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит.
Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватство и родство да ни е довека. - На свршувачка.
Ајде Боже поможи. Да даде Господ со здравје да се кине... Бел да и е Векот на Нешка и тој на нејзината друшка... Да биде Бела и црвена Нешка... да си го ќердоса златниот венец што ќе го носи како невеста.
Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате. - На свршувачка.
Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење. - На свршувачка.
Ајде аирлија да ви е, ја на многу места сваќа сум месила, да видиме мене кој ќе ми месит. – Аир да имаш и ти да си исчекаш. - Благослови на свадба при месењето на сваќата - обреден леб.
Ајде и на ваши глави. - На свадба.
Ајде и на твоја глава, синко. - На свадба.
Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците. - Благослов при пристигнувањето на сватовите во куќата на невестата.
Ајде да е аирлија! - вели продавачот кога ќе направи сефте, кога ќе ги земе парите од првиот купувач, при што ги пушта на земја.
Ајде за многу години,
кај што помина чесен крст
да е чесно бериќетно,
кај се крмит да се плодит,
кај се орат да се родит,
по полето вино, жито,
по планина мед и млеко.
Господ да не чува од лошо,
да се ранат сиромаси,
сиромаси, сирачиња,
и в година д’ивчекаме. - Благослов на кумот на Водици.
Ајде да е живот и здравје. - Велат кога нешто за прв пат јадат, особено некаков плод,
Ај како е Госпо не е никој. - Кога му се плачи еден на другио, правиот гајрет му дава.
Ај да си ми блаосоен. - Овој блаосолов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогори на попо некој убав збор, али да му се направи некоја шака, тогај тој ќе му речи:
- Ај да си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа.
Другио блаослов се дава од попо кога ќе му рече мирјанино:
- Блаосој не, оче!
- Да си ми блаосоен, рисјанине!
Ај да ве однесе Господ на поголем град. - На лица што се враќаат од прошетка до некој близок град.
Ајде и на голема радос да исчекаме. - Во свршуачката кога да го свршат некое момче али мома, и ќе се врзат подолго време за свадбата, тогаш така ќе се блаошава.
- Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос, али и на ваши куќи!
Ајми со здравје, Господ да те чува. (Подготви Марко Китевски)