• сабота, 21 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
11 јули 2020 Свадбени обичаи Во тиквешките села Обичаи по свадбите Кога се свршуе момче за мома наинапрет оди на момчето татко му и со него си покануе неколку човеци, свои роднини. Свекорот со прво носи на снаата една китка од босилок. На китката врзуе со свилени конци врзан еден прстен и неколко стари пари ако има и некое алт’нче и една шамија свилена или ако е посирома един калемќар. Снаата му дава и она една китка босилкова, со един прстен и некоја бовча за момчето. Второ, пред свадбата една недела се прави стројот. Свекорот на снаата однесуе сета руба, ф’стан, сако, бунда и едно рало чејли. Снаата на свекорот дава сета руба што има, за момчето направени бовчи, во секоја бовча има една кошула, едно рало гаќи, едно рало чорапи, еден гаќник, завиени во калемќар. Тогаи на момчето таткото и на момата таткото земаат една чаша п’на со вино и си имаат двајцата по един прстен, турајат прстените во чашата до три пати и после извадујат прстените, си ги разменујат и на вино се прекрстујат и благосувајат: „Ајде свату, аирлија да ни е радост, да ни се живи младенци, да се вечни и ризични, камен и дрво да фанат, злато и стребро да му се стори, кај нема Бок да даде, да ни се врати“. И ке си го испијат винцето. И после веке бива сигурно, нема да се расипе работата. По неколко дена свадба ке се прави. Това свадбата бива веке во недела. Свекорот оште во сабота сабајле испраќа две момчина, ергени крс селото да канат. Ергените си зимат една карта вино и едно крондирче ракија. От куќа на куќа, сето село ќе и покани во секоја куќа ќе кажат: „Да благосовите да дојдите на свадба у чичка ми Трајка. Утре ќе одиме сватови да му доведиме снахата“. И тогај веќе секој ќе се готви за сват за утрото во неделата. Уште посабаиле домаќинот ќе извади гајдаџиите надвор, ќе свират и ќе исврлат неколку пушки. Штом ќе пукнат пушките и сватовите ќе се соберат сите со кони, педесет или сто души како да се селото, може и двесте души, може и дваисет души, ке идат во другото село каи невестата. Тамо ке ручајат и малко оро ке поиграјат, ке си земат невестата па напред гајдите ке си дојдат у свекорот со невестата. Вечерта ке ја венча попот. Ноќта ќе и остават младоженците заедно и утре оште рано невестата ако излегла мома ќе пукнат неколку пушки и се знае веќе оти невестата била чесна мома. И па ќе си покани свекорот роднините ќе пијат блага ракија и ќе блаошаваат: „Аирлија, честито, кај нема да му даде Госпот, кај што требе да се врати“. Домаќинот блаошава: „Што ме нашло и да ве најде, сега венчаме до година да крстиме“. И ќе му поиграјат на нункото малце кумово оро. Тогај и нункото ке поиграе троа и ќе станат ќе си одат. Ако невестата не излегла мома па тогај нема ни пушка да пукне, нема ни гајда да засвири. Само невестата ќе а прошетаат малко, може и да ја качат на магарето наопако, дават и опашката од магарето в раце, покриват ја со еден ќилим та ја враќаат при татка и теслим. Затоа многу ретко се случуе мома расипана да има у нашите села во Тиквеш. Приказна за дедо Господ кога правел воденица Направил воденица се од железно. Ја пуштил да меле и се запалила. Тогаи дедо Господ пратил за да доиде ѓаволот да му каже. И ѓаволот дошол. Го прашал Госпот ѓаволот, ѓаволот се поисмејал и си кинисал. Тогај Господ кажал на пчелата. - Качи му се на ѓаволот на шапката и слушаи што ке зборуе ти да ми кажиш. Пчелата на ѓаволот му застанала на шапката и го слуша. Ѓаволот одил и сам си прикажуе. - А може ли това, Господ прави воденица салти од железо, ами купи си еден камен пољут, и еден камен помек, направи коло од дрво, баба од дрво, вретенце од дрво, салти сенеот и прплицата да се од железо, тури една бука голема и на буката цивун, пушти ја нека меле та прплец да оди. И се затрајал и пчелата: бррр, от шапката на ѓаволот си летнала. И ѓаволот рекол: - Ах, тука ли си ти - и се пуштил по пчелата, овде онде ја наближил и пчелата се пикнала од една дупка при дедо Госпот. Ѓаволот мавнал со сабјата и ја пресекол на половината. И си влегла пчелата при дедо Госпот. Дедо Госпот ја прашал: - Што рече, шчело? Она му кажуе: - Се научих, само това ме пресече ѓаволо на половина. Госпот рекол: - Како? -Пчелата му раскажала како што чула од ѓаволот и тогаи Госпот рекол: - А навистина така требе да се направи воденицата. Е пчеличко да си благословена и сите пчели така да се прекинати на половина и да се раните со најубавото миризливо и благо цвеќе. И друго што сакаш? - ја прашал Госпот пчелата. И му рекла на Бога: - Сакам да ми дадеш и това што ќе уапа со осилото ми, се да умре. И Господ згрешил, божем да каже да си благословена, што ќе уапаш ќе умре, тој и рекол на пчелата. - Да си благословена, што ќе уапаш, се да умреш. И пчелата му рекла: - Амин. Од записите на Христо Антов од с. Мрзин (Тивешко). (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан