• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
12 март 2021 (МИА) Народна филозофија, детски фолклор 1. Трпун, трпун, дивино! Вјавна којна пауна, та си ојде ведрина. Ведрокупци креваа, царатого дигаа. Царој синој плачат, каде да го скријат. Под букова сеница сам царот седеше, самовила пишеше орлао крилце, паунао перце јас перце норцу, норц мене солца, јас солца овце, овца мене јагне, јас јагне воуку, воук мене трбушка, јас трбушка крпачу, крпач мене чејли, јас чејли бабе, баба мене колаче, јас колаче попу, поп мене молитва, јас молитва цару, цар мене мома за седејне дома. Или: Јас колаче рту, рт мене зајаче, јас зајаче Турчину, Турчин мене пет пари, јас пет пари попу... 2. - Што вечерафте сношти? - Зајаче. - Камо мене? - Ти остадевме! - К’де? - Под амбар. - Го бараф, го немат. - Да не го изеде маца? - К’де е маца? - Се скри в каца. - К’де е каца? - Ја изгоре оган. - К’де е огнот? - Се стори пепел. - К’ј е пепелта? - Ја понесе реката. - К’де е реката? - Ја испи бијолот. - К’де е бијолот. - Ојде во просото. - К’де е просото? - Г изедо врабците. - К’ј с’ врабците? - Се качија на д’бците. - Кај са д’бците? - Исеко секирата. - К’ј са секирите? - Ојдо кај коачот. - К’ј е коачот? - Тамо долу на Велес, под мостот, на реката Вардар. 3. Цуцуљ пасет говеда, Цуцулица – телците. покрај река Ситница. Туј помина лисица: - Добро утро, Цуцуле! - Дај Бог добро, лисице! - Шчо је врева ф село? - Комерац се женеше, мушичка се можеше, вошка куќа метеше, б’лва вода носеше, мечка тесто ваљаше, глушец топан бијаше, в’лчко сурла свиреше, лија сваќа месеше, гнида сваќа шареше, жаба комат носеше. 4. Цуцул пасе говеда, Цуцулица по нега. На крај река Ситница под Ситница лисица: - Добро јутро лисицо. - Дал Бог добро, Цуцуле, дека кидеш, Цуцуле? Што е врева зад село? - Комар ми се женеше, петел дрва цепеше, кокошка ги редеше, зајци танци водеа, буј огин кладеа в’шки куќа метеа, желки оро играа, гуштери се бричеа, мечка тесто ваљаше, отколко го ваљаше, повеќе го лапаше, меченцето плачеше. - Трај се, мече, трај се, мама ке ти месе кравајче. Отиде си мачоро, да си точе виничко, мушичка му светеше, угасна му свекичка. Разљути се мачоро, утепа си мушичка. - Сбирајте се сељане, донасјајте казани, да варемо мушичка: на бабите цревцата, да си прават чорбичка; на девојки крвчичка, да си мажат косите; на ергени џигери, да ги печат на огин; на старите брадите. 5. Цуцул пасе говеда, покрај река Ситница. Поминала лисица: - Добро утро, цуцуле, шчо је врева во село? - Што е врева во село? - Комар бек се женеше, за мушичка девојка, бумбар т’п’н бијаше, вошка сурла свиреше, болфа танец водеше, појке си и шчипаше; мечка тесто валаше на мечиња даваше, жаба вода носеше, појќе си ја пијаше; петел дрва цепеше, кокошка и редеше. - Убо реди кокошко, дан ти грабнам цепено, да ти скршам крилото. 6. Еване, Еване, влашки тупане, вика те мајка ти, да ручаш каша. - Кам каша? – Изели сватове. - Кам сватове? – По пут. - Кам пут? – Ураснала трава. - Кам трава? – У орман. - Кам орман? – Исекла секира. - Кам секира? – У ковача. - Кам ковач? – У меха. - Кам мех? – Изела молец. - Кам молец? - К’цнал го петел. - Кам петел? – Хванала го лисица. - Кам лисица? – Хванал гу јарт. - Кам јарт? – Отнесал при цара. . 7. Дедо седе на столица, та си плете рукавица. - Зашто ке му рукавица? - Да си сбира парички. - Зашто кет му парички? - Да си купе женичка. - Зашто ке му е женичка? - Да му роди детенце. - Зашто ке му е детенце? - Да го вика: Тате ле, бате ле, кукурек миж-дупка. 8.Смок свири на врба, збирајте се врапчиња, едно врапче немаше, мајка му го тражеше. Трај, трај, врапче, ќе ти купе кака ти, играл си гусок на ситен песок, пушчам пара чак до цара. 9.Ду, ду, ду. Имам жена луда, направила каша да се деца плашат, направила попара да се деца опарат. 10. Тамба, тумба дивина! Јани коња пауна! Па си иди Грција! Грци коња кујају пашата го колеа, сина му го бесеа. 11. Два се петла биају, на попово огниште, еден рече иш, други рече миш! 12.Пресна погачка, пресно сиренце, апни та пукни!. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан