• сабота, 21 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
29 јануари 2021 (МИА) Народна филозофија Пословици и поговорки од Ресенско од записите на Трајко Доревски Ако е благ медот и прстите да си ј изејме?! Ако знаеш да играш, фати се на оро. Ако имам со што, немам во што. (Бедниот и ако има брашно да си направи пита, нема во што да ја испече.) Ако не врнит (вали) барем ќе капит. Ако не плачит детето, мајка му не му дат да цицат. Ако пиеш умот да не си го пиеш. Баба мамит, трап не мамит. Бадијала киселина, поблага (е) од мед. Барут в’ оган на трает. Бегаа од дош, удрија на град. Бежанао мајка бело носила, Стојанао мајка црно носила. (Така велела пануклата (чумата) кога ќе влезела во некоја куќа. Тој што ќе побегне нема да го удри, та мајка му нема да жали, а тој што ќе остѕане ќе биде удрен од чумата и ќе умре, та мајка му црно ќе носи.) Бели пари за црни дни. Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина. Борч неплатен, греф непростен. Братство за братство, брашното за пари. Брза кучка слепи кучина раждат. Бладзе на глувијот, зашто два пати слушат. Варено, печено, кому му е речено. Вересија – потресија. Види му умот- крои му капа. Викат сојка од присоја: Да не го видфте мој Стојка со капата обчадена, со свински л..на намачкана. (Така се смеат на мрзелива жена). Високо дрво страчките го серат. Вит ти виделина. (Му велат на некој да бега.) В лето без гуна, в зима без леб да не ојш по дрва. Водата спиет, душманот не спиет. Војдана ни вчера чиста витка, ни денеска. Волот као да копат, земјата на себеси ја фрлат. В празна племна глуфци не влегват. Во секоја манџа пипер не влегви. Волкот и од броените овци јајт. Волкот пастрма не чуват. Врти куќа без леб. Вјајме желко, оти орелот еве го над мене. (Во опасност човек прибегнува на помош и од подолните од него и им се покорува.) Трајко Доревски е малку познат собирач на македонски народни умотворби. Потекнувал од грнчарско семејство од Ресен.. Завршил петти клас во Солунската гимназија. Учителствувал во Ресен и уште во неколку градови. Подоцна отишол во Софија и работел во редакцијата на весникот „Прјапорец“. Пишувал хумористично-сатирични текстови. Во 1909 годоина го основал списанието „Семнејно огниште“. Во ракопис оставил поголем број пословици, поговорки, гатанки и други умотворби. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан