• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
16 март 2021 (МИА) Народна филозофија Македонски народни гатанки од село Робово (Малешевско) А ме пална направих те улав. (ракија) Баба се топори, дедо се чекори. (подница и вршник) Бел дедо на сто нозе висит. (праз) Бело се ражџа, зелено расте, црвено умира. (цреша) Виено, плетено на маки ставено. (верига) Врзи го оди, одврзи го седи. (опинок) Гола мома цел свет облачи. (игла) Два брата си имам, додека се ќорави, мили ми се – прогледаа ле, омрзнаа ми. (опинци) Додека ја немам, не а искам, от ка а одимам, на никој не а давам. (ќелава глава) Еден налага, а четворица оздоле држат. (стол) Една оди, триста води. (вошка) Ече-пече газот му се пече. (котле) Живо месо ф дупка влази. (прст и прстен) Ж’та кучка фоф вир скапана. (рженица) Заврти го нагоре, празно, заврти го надоле - п’но. (капа) Имам една кучка, цел ден по гората вие, куга се врне дома зад вратата се крие. (балтија-секира) Јазик нема, ногу кажува. (книга) Клета кучка ф осое лае. (секира) Косме има, а глава нема. (царевица и пискул) Летен плод, зимен цвет. (пуканица) Мазно фоф рунтаво флази. (рака и ракавица) Маленка невеста сладол леб меси. (пчела) Надоле с главата, нагоре с нозете. (праз) На сека ритка и ќерамитка. (нокти) Ни се јаде, нисе пие, а е најслатко. (сон) Ни ткено, ни предено, през греда преметнено. (кожух). Од бел камен излази, а цел свет буди. (петел) Одерено јаре, низ село вика. (гајда) Од тука брег, от там брег, а на средата бел снег. (ношчви) Оздоле јаде, озгоре сере. (ренде) Погулемо е од земјата, аниз иглени уши се провира. (ветре) П’на плевна сос сено, сеното ќе изгори, а плевната ќе остане. (кутија за тутун) Расте кат момичка, израсна като невеста, носат ја кат царица, тепаа ја кат магарица. (рж) Свиенко, навиенко, ф момина дупка набинеко, ем срби ем боли, па тера да го носи. (обетка) Сива кучка на пат седи, кој ќе помине се а целива. (чешма) Стрет море оѓин гори. (кандило) Ти го гледаш и оно те гледа. (огледало) Триста братја в една кошпула. (царевица) Уста ф уста газо ф раце. (стовна) Ф гора раснало, ф село спаднало, на сите нозете видело. (праг) Фурка нема а преде. (мачка) Црвен дедо, бела брада. (оѓин) Црно ѕвере, нагоре сере.(луле) Чеперко се чепери над бабина рунтавица. (гребен) Шут вол луто боде. (нож) Од книгата „Робово, село Малешевско“ од Александар Радевски, Скопје 2003 г. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан