• среда, 17 декември 2025

Обележување пешачки патеки во државава во рамки на Славковски проект потпишан од амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка

Обележување пешачки патеки во државава во рамки на Славковски проект потпишан од амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка

4 јули 2024 

На 4 јули 2025 година се одржа официјално потпишување на Славковскиот проект – Обележување пешачки патеки во Северна Македонија од страна на Амбасадорот на Австрија Н.Е. Мартин Памер, Амбасадорот на Чешка Н.Е. Јарослав Лудва и Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш. За време на потпишувањето, Чешка го предаде претседавањето со форматот Славков/Аустерлиц на Словачка.

Обележувањето пешачки патеки ќе им биде од корист на рекреативните и спортските планинари, алпинистите и сите љубители на природата за да имаат побезбедно искуство при пешачењето на планина и да ги истражат убавините на Водно, Баба и Шар Планина. Го промовира пешачењето како здрава активност која ја заштитува природата и исто така го овозможува локалниот економски развој преку отворање можности за дополнителни услуги како што се сместување, пешачки тури со водичи, производство и продажба на локални производи.

Секоја од земјите на Славковскиот формат ќе биде одговорна за обележување на една пешачка патека, а ќе постави и информативна табла за патеките.

Славковскиот формат или трилатерала е регионална соработка меѓу Австрија, Чешка и Словачка кој е основан во 2015 година.

 

Амбасада на Чешка 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан