• петок, 05 декември 2025

Обезбедени средства за машина за одзатнување на канализациски линии под висок притисок за јавното претпријатие во Вевчани

Обезбедени средства за машина за одзатнување на канализациски линии под висок притисок за јавното претпријатие во Вевчани

Вевчани, 21 мај 2025 (МИА) - Општина Вевчани во соработка со Центарот за развој на Југозпадниот плански регион обезбеди средства од Министерство за локална самоуправа за набавка на нова специјална машина за одзатнување на канализациски линии под висок притисок за потребите на јавното претпријатие „Еремја“, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски.

Зајакнување на техничките капацитети на јавните комунални претпријатиа, според него, е предуслов за навремена и квалитетна испорака на комуналните услуги.

- Со реализацијата на проектот ќе се овозможи брзо одзатнување на запушени канализациони линии на територијата на општина Вевчани и заштеда на финансиски средства, со оглед на тоа што до сега се изнајмуваше ваков тип опрема од приватни економски оператори, истакна Кочовски.

Општина Вевчани претходно набави и специјално возило за собирање на комунален отпад. сс/дма/

Фото: Општина Вевчани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан