• петок, 05 декември 2025

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година.

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година.

Вашингтон, 26 ноември 2025 (МИА) – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година. 

Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си.

Со овој потег, исто така, се заврши и последниот преостанат кривичен случај против Трамп за изборите во 2020 година. 

Случајот првично го покрена окружната обвинителка Фани Вилис, но таа беше отстранета од него со одлука на Врховниот суд на Џорџија откако се најде во центарот на личен скандал.

Адвокатот на Трамп ја поздрави одлуката за отфрлање на случајот. 

„Фер и непристрасен обвинител ја заврши оваа правна битка“, рече тој.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан