• вторник, 23 јули 2024

Обвинителен предлог за гостиварец поради пуштање во оптек лажни пари

Обвинителен предлог за гостиварец поради пуштање во оптек лажни пари
Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, поради пуштање во оптек лажни пари, информираат од Основното јавно обвинителство - Скопје. Како што стои во соопштението од обвинителството, обвинетиот, на 2 декември 2020 околу 20:40 часот на бензиска станица во Гостивар, лоцирана на магистралниот пат, со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел дека не е вистинска, платил за наточено гориво. Со стореното кривично дело обвинетиот се товари за фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик. ар/вг/  

Остани поврзан