• среда, 26 јуни 2024

Обамејанг предводник на Арсенал до трофејот во ФА Купот

Обамејанг предводник на Арсенал до трофејот во ФА Купот
Лондон, 1 август 2020 (МИА) – Пјер-Емеринг Обамејанг е најзаслужниот за вечерашниот триумф на Арсенал над Челзи со 2:1 во финалето на ФА Купот. На дуелот одигран на „Вембли“ во Лондон Обамејанг ги постигна двата гола за „топчиите“ во 28. минута од пенал и во 67. минута. Стрелец за Челзи беше Кристијан Пулишиќ уште во 5. минута. Челзи го заврши натпреварот со играч помалку поради исклучувањето на Матео Ковачиќ во 73. минута. По оваа победа, Арсенал се избори за учество во Лигата на Европа следната сезона. Арсенал го освои ФА Купот по 14-ти пат и го поправи сопствениот рекорд. зс/

Остани поврзан