• сабота, 11 мај 2024

Обамејанг и Марсеј договорија соработка до 2026 година

Обамејанг и Марсеј договорија соработка до 2026 година

Марсеј, 18 јули 2023 (МИА) - Пјер-Емерик Обамејанг се согласи на преселба во Марсеј. Според инсајдерот Фабрицио Романо, страните се договориле да склучат договор до 2026 година.

 

Францускиот клуб е во преговори со Челзи и се очекува да нема проблеми околу зделката.

 

Напаѓачот на репрезентацијата на Габон одигра 15 натпревари во Премиер лигата во сезоната 2022/23 и постигна еден гол. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан