• сабота, 11 мај 2024

Обамејанг е првиот фудбалер во 21 век со хет-трик во четири од петте најсилни европски лиги

Обамејанг е првиот фудбалер во 21 век со хет-трик во четири од петте најсилни европски лиги
Барселона, 21 февруари 2022 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг постави уникатно достигнување. Тој на вчерашниот натпревар од 25. коло на шампионатот во Шпанија против Валенсија (4:1) постига три гола. Ова се негови први погодоци за каталонскиот тим по заминувањето од Арсенал. Така, напаѓачот од Габон стана првиот играч во 21 век кој постигнал хет-трик во француската Лига 1, германската Бундеслига, англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига. Додека беше во Франција, Обамејанг играше за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, во Германија за Борусија Дортмунд, во Англија за Арсенал. зс/

Остани поврзан