„НЦИС: Хаваи“ во подготовка
- Се работи за тнр. „одгранок“ продолжение, со нови ликови и нова приказна.
Лос Анџелес, 17 февруари 2021 (МИА) - Продолжение на ТВ-серијата „НЦИС“, со содржина сместена не во Вашингтон, туку на Хаваи, е во подготовка. Се работи за тнр. „одгранок“ продолжение, со нови ликови и нова приказна.
Првата „НЦИС“ серија на продукциската куќа „Си-би-ес“ се прикажува од 2003 година, а сега се прикажува 18-та сезона. Имаше и продолженија, како посебни серии со приказни сместени во Лос Анџелес и Њу Орлеанс.
Други одграноци на приказната, како што е „НЦИС: Црвено“, со приказна околу морнаричка антитерористичка единица, не беа толку успешни.
Новиот ТВ-проект е во претпродукција. си/сд/