• недела, 22 декември 2024

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Сараево, 21 ноември 2024 (МИА) - Бременоста бара прилагодувања и откажувања. Многу жени се придржуваат до целосно здрава исхрана, додека други малку им се препуштаат и на „недозволените“ слатки задоволства.

Во секој случај, секоја идна мајка се придржува до своите правила и, пред сѐ - до она што го чувствува. Некои жени избегнуваат храна како салама и други месни производи, печурки, мајонез, кафе, морски плодови, туна, топла храна, газирани пијалаци... Па, во еден миг се откажуваат од сѐ што претходно им било на дневното мени.

Од друга страна, пак, многу жени се согласуваат дека е неверојатно добро чувството да го имате првиот оброк во болничката соба. По породувањето, кога жената е уморна, исцрпена и гладна, таа прифаќа сѐ што ќе ѝ се понуди... Но, што и да има таа пред себе по големиот миг, тој прв оброк потоа е „божествен“, велат сведоштвата.

Следат трите причини поради коишто жените толку многу уживаат во првото јадење по породувањето.

Стресот предизвикува глад

Бременоста и породувањето може да бидат стресни. Кога една жена е под стрес, хормонот кортизол се ослободува, па телото ја зголемува стапката на преработка на јаглени хидрати и масти. Тоа прави за човекот да има доволно енергија за да се справи со стресната состојба во којашто се наоѓа, пишува порталот „Кликс“. 

Зголемениот стрес, како и согорувањето масти и јаглехидрати предизвикува - глад и особено голема потреба од масти и јаглехидрати.

Бременоста секако носи одреден степен на нервоза, грижи и зголемен стрес. И самото породување носи високо ниво грижа за сè да оди добро, напнатост, непријатности, болка, возбуда - сè тоа значи повисоко ниво на кортизол.

Одредени намирници нè прават посреќни

Според некои научници, одредена храна може да го стимулира лачењето на серотонин - хормонот на среќа во човековото тело. Тоа, меѓу другото, се случува со јадење храна што ја содржи аминокиселината триптофан. Повисокото ниво на триптофан му олеснува на телото да создава и користи серотонин.

Го сакаме она што не може да го имаме

Повеќето здравствени институции ги советуваат бремените жени да избегнуваат одредена храна за да ја намалат опасноста од внесување опасни бактерии. Така, телото копнее по забранетите јадења во бременоста, па веднаш потоа, таа храна е неколкукратно попосакувана.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан