• сабота, 23 ноември 2024

НУ Стоби доби 9,4 милиони денари за 2022 година од Министерството за култура

НУ Стоби доби 9,4 милиони денари за 2022 година од Министерството за култура
Велес, 21 февруари 2022 (МИА) - Националната Установа Стоби преку годинашната програма од областа на културата, од Министерството за култура за 2022 година доби 9 394 500 денари. Од нив од областа на заштита на недвижно културно наследство за конзервација и реставрација на сегмент од јужниот гратски бедем и јужната порта во Стоби (етапа1 и етапа2) - 1,5 милиони денари, за реализација на Основен проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби износ на средства 1,6 милиони денари. Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и архитектонски делови на Старата епископска базилика во Стоби износ на средства 600 илјади денари. Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонската декорација од Градбата со арки во Стоби износ на средства 30 илјади денари. Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот во Стоби износ на средства 30 илјади денари. Од областа на музејската дејност и заштита на нематријално културно наследство за реализација на основен проект за конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Набавка на опрема (индустриски парочистач) за потребите на конзерваторска лабараторија износ на средства 150 илјади денари. Реализација на основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолочките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година износ на средства 100 илјади денари. Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема - набавка и монтажа на прозорци и врати во работните простории на НУ Стоби износ на средства 84.501 денари, систем за електронска сигурносна и опрема за видео надзор износ на средства 500 илјади денари, снација на ноќна илуминација на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 2 милиони денари. Директорот Спасе Перовски за МИА изјави дека е задоволен од добиените средства од Министерството за култура. Средствата се во висина од 9 394 500 денари, што е повеќе споредено со ланските 9 043 000 денари. Петровски најави дека реализацијата на проектите од археолошко истражувачката дејност на терен ќе започне во април годинава. ад/мс/

Остани поврзан