• вторник, 14 мај 2024

НУ Музеј Куманово објави повик до академските уметници за изложбата „Кумановски ликовни уметници“

НУ Музеј Куманово објави повик до академските уметници за изложбата „Кумановски ликовни уметници“

Куманово, 11 септември 2023 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово денеска објави јавен повик до академските ликовни уметници од општината за учествуво на изложбата „Кумановски ликовни уметници“.

-Ги повикуваме академските ликовни уметници од Куманово, од денеска сè до 15 октомври годинава да се пријават за учество на изложбата која се одржува по повод Денот на ослободувањето на Куманово. НУ Музеј-Куманово (Уметничката галерија) и оваа година традиционално ќе ги претстави кумановските ликовни уметници, изјави виш кустос, историчар на уметноста, Драгана Спасковска.

Учесниците треба да пријават едно ликовно дело, по можност неизложувано, од најновата продукција. Тие треба да достават и податоци биографија, насловот на делото и димензиите.

-Станува збор за ликовна манифестација која се реализира во континуитет и единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските ликовни уметници. И оваа година очекуваме добар одзив кај уметниците од градот, додава Спасковска.

Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите. ам/дма/

Фото: НУ Музеј архива

Остани поврзан