НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го објави конкурсот за проектот „Скици 2025“
- НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, денеска го објави конкурсот за проектот „Скици 2025“. Целта на проектот е да го промовира цртежот изработен од академските уметници од Куманово.
Куманово, 9 септември 2025 (МИА) – НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, денеска го објави конкурсот за проектот „Скици 2025“. Целта на проектот е да го промовира цртежот изработен од академските уметници од Куманово.
– На конкурсот можат да учествуваат академските уметници кои работат на територијата на Општина Куманово со најмногу три цртежи, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
По извршената селекција, велат, организаторот не е обврзан да ги вклучи сите цртежи од уметниците, изложбата не е тематска, а слободен е и изборот на техниката во која ќе се изработуваат цртежите. Ограничен е само форматот кој не треба да е поголем од 100×70 цм. Рокот за пријавување е 25 октомври, дополнителни информации може да се добијат во установата.
По извршената селекција, ќе се организира изложба кон првата половина на ноември, годинава. Планирани се каталог, промотивни активности, како и опремување на делата со рамки. По завршувањето на циклусот, цртежите ќе бидат вратени на авторите. Конкурсот го организира Националната установа со поддршка на Министерството за култура и туризам. ам/ра
Фото: МИА